ВИДЕО: Лацио се потсети на мајсторскиот волеј на Пандев во градското дерби против Рома

Пандеввв

Добро познато е дека Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација, најважните чекори во богатата кариера во Италија ги направи во дресот на Лацио.

Иако пристигна на Апенините како играч на Интер, таму не доби шанса, па пронајде нова средина во Рим, поточно на „Олимпико“. Таму помина пет години и остави белег на кој навивачите на „небесно-сините“ се сеќаваат до денес.

Твитер профилот на римскиот гигант денес сподели видео со кое ги потсети фановите на големата победа во дербито против Рома пред десет години.

Високите 4-2 ги отвори токму македонскиот напаѓач кој со волеј ја израдува домашната публика.