Лацио се договори со Сари и ги насмеа фановите со неговата презентација

Екипата на Лацио го загуби Симоне Инзаги кој ќе го води Интер, но на клупата на клубот од „Олимпико“ дојде ново искусно име.

Се работи за Маурицио Сари кој по авантурата во Јувентус беше без ангажман, во наредните три години се очекува да го води Лацио. Искусниот стратег се договори со клубот од Рим, а иако нема официјална презентација на клупските мрежи, тие индиректно го потврдија Сари. Интересно, челниците на Лацио објавија фотографија од цигара, една од главните пасии на Маурицио Сари. 

  • Објавата на Твитер профилот на Лацио: 

Сари покрај многуте нисколигаши, во кариерата ги водеше и Верона, Наполи, Емполи, Челзи и Јувентус, а сега пак ќе има шанса да се бори за висок пласман во Серија А.