ВИДЕО: Лацио рутински се справи со Каљари, Сампдорија прокоцка 2-0 и загуби од Беневенто

Ако пред стартот на натпреварот многумина се чудеа зошто на Лацио му е дадена толкава улога на фаворит против Каљари, „небесно-сините“ вечерва ги потврдија тие најави и ја запишаа првата победа во новата сезона на Серија А (0-2).

Гигантот од Рим го прескокна првото коло (дуелот со Аталанта ќе се одигра на 30-ти овој месец), па имаше можност подобро да го анализира и да се подготви за вечерашниот противник, а тоа можеше да се виде на теренот и тоа во текот на сите 90 минути. 

Момците на Симеоне одиграа квалитетен натпревар и заслужено ги освоија трите бода, а доколку беа поприсебни во реализацијата можеа да слават уште поубедлива победа. 

Наградата за отворениот пристап пристигна уште во четвртата минута, кога Лазари, на асистенција на Марушиќ ,го отвори Каљари и донесе водство на Лацио од 0-1. До крајот на првиот дел мрежите мируваа, но затоа кон средината на вториот по една мајсторска акција Марушиќ повторно беше во улога на асистент, но овој пат до Имобиле, кој не греши од такви позиции и ги постави конечните 0-2.

  • Каљари - Лацио 0-2:

По поразот од Јувентус на отворањето на сезоната, фудбалерите на Сампдорија им приредија ново разочарување на своите фанови, откако вечерва прокоцкаа водство од 2-0 и на крај со гол примен во 90. минута загубија со 2-3 од тимот на Беневенто. Ова се први бодови за тимот на Филипо Инзаги во Серија А.

Кваљарела и Коли ги постигнаа головите за 2-0 за екипата на Раниери, но „жолто-црвените“ од јужна Италија не се предаваа и Калдирола со два гола и Летиција донесоа голем пресврт и победа од 2-3.