Лацио против Елмас и Наполи ќе брка второ место во Серија А

Наполи како освојувач на Купот на Италија автоматски избори играње во Лига Европа наредната година, и тоа во групната фаза. Лацио обезбеди директен пласман наредната сезона во Лигата на шампионите. Така што ова дерби во последното коло од Серија А нема голем влог. Евентуално Лацио ќе гледа да заврши повисоко позициониран на табелата. Можеби „небеско-сините“ можат и до втората позиција. Интер е на 79 бода, а Аталанта и Лацио имаат по 78 во пресрет на последното коло.

>>> Сите квоти за мечот меѓу Наполи и Лацио

Наполи во последно време игра по системот топло-ладно, а на последните четири натпревари, екипата на Џенаро Гатузо, има две победи и два порази. Пред тоа играше нерешено против Болоња.

Лацио, од друга страна, врза три победи, а онаа над Каљари со 2-1 на „небеско-сините“ им донесе враќање во Лигата на шампионите по 13 години чекање, што е огромен успех.

>>> Погледнете ги сите квоти за натпреварите од Серија А

Кога се во прашање судирите на овие екипи, треба да се спомне важноста на тоа кој е домаќин. Од последните пет меѓусебни средби, четири ги доби екипата која играше дома. Генерално, Наполи е поуспешен и доби дури шест од последните седум меча против „небеско-сините“.