• Горан Упале

Екипата на Лацио не успеа да ја продолжи победнчката серија во италијанскиот шампионат, откако во претпоследниот натпревар од 20. коло во Серија А пред својата публика одигра без победник против Фиорентина (1-1).
- Извештај од натпреварот:
„Небесно-сините“, осоколени од големата победа над Милан во претходното коло (4-0), вечерва мотивирано го отворија дуелот со Фиорентина и радост на трибините во Рим донесоа по само осум минути игра. Стрелец за водство од 1-0 беше стоперот Николо Казале, кој го постигна својот деби-погодокот во дресот на Лацио.
Римјани на пауза заминаа со минимално водство, иако и тие и гостите пропуштија шанси за гол во првиот дел. Но, на стартот од вториот дел се затресе домашната мрежа и Гонзалез стрелаше за израмнување на 1-1. Малку фалеше Фиорентина да приреди изненадување и да забележи голема победа среде Рим, бидејќи беше подобриот противник на терен и имаше неколку изгледни шанси. Сепак, Лука Јовиќ, Роландо Мандрагора и пред сè Никола Миленковиќ не ги искористија своите шанси за целосен пресврт.
Со ова реми Лацио успеа само да се врати на третата позиција на табелата, но сега заостанува дури 12 бода од лидерот Наполи, кој вечерва го игра дербито со Рома.