Лацио останува во криза, Сампдорија го „скрши мразот“ на домашен терен

Сампдорија

Сампдорија продолжи по победнички пат и ја продлабочи кризата на фудбалерите на Лацио (3-0).

По стартната победа, избраниците на Симоне Инзаги запишаа два порази и едно реми. Тоа им донесе пад во долниот дел од табелата, а нивниот противник со денешните три бода скокна неколку места.

  • Извештај од натпреварот: 

Ветеранот Фабио Кваљарела се најде на вистинското место и со глава го круниса центаршутот на Аугељо во 32. минута. Пред самата пауза, асистентот при првиот погодок се погрижи да го постави конечниот резултат. Тој шутираше силно од далечина и го изненади Стракоша.

Сликата во вториот дел беше сосема различна. Гостите од Рим доминираа и направија неколку сериозни прилики за гол. Кореа и Милинковиќ-Савиќ пропуштија можност да донесат неизвесност и да го направат натпреварот поинтересен.

Наместо тоа пристигна потврда на победата на домашната екипа, која ја обезбеди Дамгард, користејќи груба грешка на противничката одбрана.