• Мартин Танасковски

Екипата на Лацио продолжи да победува во Серија А и останува при врвот на табелата. „Небесно-сините“ убедливо славеа над Монца (5-1) која тешко дека ќе избори опстанок ако се суди според моменталната форма.
Лацијалите се на четвртата позиција која по крајот на сезоната води во Лигата на шампионите. Но, конкуренцијата е голема, затоа што зад тимот од Рим се наоѓаат Јувентус, Фиорентина и Милан.
- Лацио - Монца 5-1:
Во првиот дел на „Олимпико“ падна еден гол кој го даде Адам Марушиќ, додека во второто полувреме следеше голеада. Ветеранот Педро беше двоен стрелец за Лацио, а по еднаш погодија Кастеланос и Деле-Баширу, додека за Монца почесниот гол го даде Сенси од пенал.
Во вториот дуел Каљари беше подобар од Парма (2-1) кој е важен во борбата за опстанок. Вољако и Коман погодија за екипата од Сардинија, а за „млекарите“ стрела Леони.