ВИДЕО: Лацио го замолкна „Сан Сиро“ и обезбеди финале во Копа Италија!

Во реванш полуфиналето од Купот на Италија, на „Сан Сиро“ фудбалерите на Милан загубија од Лацио со 0-1 (0-0), резултат кој ги води римјаните во големото финале. Првиот меч на „Олимпико“ заврши 0-0.

  • Извештај од натпреварот:

По почетното испитување на силите, првата поголема шанса ја имаа „росонерите“, но обидот на Давиде Калабриа од далечина гостинскиот голман одлично го одбрани. Римјаните своите најзрели шанси ги имаа во финишот на првиот дел. Најпрво, ударот на Бастос во 47. минута заврши покрај голот, а само една минута подоцна Жоакин Кореа биеше по средината на голот, но Реина спречи негатива за својот тим на одморот.

И во продолжение избраниците на Симоне Инзаги имаа повеќе од играта, а тоа го крунисаа со погодок во 58. минута. Чиро Имобиле испрати една долга топка, која ја прифати Карлос Кореа и го матира Реина, за голема гостинска радост (0-1).

По примениот погодок, избраниците на Гатузо тргнаа во офанзива, а во 77. минута и постигнаа погодок преку Кутроне, но истиот оправдано беше поништен поради офсајд. Во последните десетина минути Имобиле имаше две големи шанси за уште поубедлив триумф на римјаните, но не погоди и голот на Кореа се покажа како доволен за пласман во финалето.

Противник на тимот на Лацио во финалето ќе биде подобриот од утрешниот реванш дуел меѓу Аталанта и Фиорентина. Првиот меч игран на „Артемио Франки“ заврши 3-3.