ВИДЕО: Лацио го освои и Амстердам, Тотенхем киксна во Глазгов

Екипата на Лацио и по шест одиграни кола од лигашкиот дел останува лидер во Лига Европа, откако среде Амстердам извојува голема победа над Ајакс од 1-3 и со тоа го мина Атлатик Билбао на табелата.

  • Ајакс - Лацио 1-3:

Калчолигашот поведе со голот на Чауна во 12. минута. Овој резултат беше активен до стартот на второто полувреме, кога некогашниот голем талент на Челзи, Траоре израмни на 1-1. Но, римјани експресно го вратија водството, откако за 1-2 погоди Башир, додека конечните 1-3 ги постави Педро со прекрасен погодок во 77. минута.

Шкотски Глазгов Ренџерс продолжува со одличните игри во ова натпреварување и вечерва приреди мало изненадување против моќниот Тотенхем. На „Ајброкс“ домашниот тим освои голем бод (1-1), со кој се искачи на осмата позиција (последна која што води во осминафинале) со ист број бодови како и лондончани (11).

На полувреме беше 0-0, а Игамане на стартот од вториот дел донесе огромна радост на трибините и водство за Ренџерс од 1-0. Сепак, тимот на Анѓе Постекуглу се врати во самиот финиш, откако Дејан Кулушевски стрелаше за 1-1. 

  • Глазгов Ренџерс - Тотенхем 1-1:

Фудбалерите на Реал Сосиедад му одржаа лекција на Динамо Киев и во својот дом извојуваа убедлива победа од 3-0 (3-0). Шпанскиот тим сите дилеми околу прашањето на победникот ги реши уште во првото полувреме, а најзаслужен за тоа беше репрезентативецот на „фуријата“ Аитор Ојарзабал, кој беше автор на два гола. Првиот го постигна во 19. минута, откако по промашениот пенал доби „втора шанса“ и го отвори резултатот. Само пет минути подоцна Бекер зголеми на 2-0, додека печат на перфектното прво полувреме на домашниот тим стави Ојарзабал со својот втор вечерашен погодок. 

Фудбалерите на Порто во прав момент им се вратија на победите во Лига Европа и на својот „Драгао“ славеа сигурна победа од 2-0 над Мидтјиланд. Головите за португалскиот тим ги постигнаа Дани Намасо и Саму. Натпреварот го судеше Александар Ставрев, за кого ова беше последен натпревар во професионалната кариера. 

  • Лион - Ајнтрахт Франкфурт 3-2:

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт го забележа првиот пораз во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Шампионот од пред три сезони имаше предност на гостувањето кај Лион, но францускиот тим покажа квалитет и ефикасност и на крај славеше со 3-2. Резултатот го отвори Кнауф за 0-1, а победата на Лион ја обезбедија Черки, Фофана и Нуамах.

Состави

Франческо Фариоли

4-3-3

    Marco Baroni

    4-2-3-1