ВИДЕО: Лацио го надигра Удинезе и остана во трката за ЛШ

Фудбалерите на Лацио во вистински момент им се вратија на успесите во Серија А и ја продолжуваат својата битка за четвртата позиција на табелата, последна која идната сезона води во Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Небесно-сините“ во денешниот заостанат натпревар извојуваа лесна победа над тимот на Удинезе, по која на табелата се доближаа на само три бода до големиот ривал Милан, кој со 55 бода е четврти. Покрај Милан и Лацио во борбата за последната виза за Лигата на шампионите ќе бијат уште Рома и Аталанта.

Тимот од Удине уште во раната фаза од мечот остана без сили за изненадување на „Олимпискиот стадион“ во Рим. Каиседо во 21. минута го пронајде патот до противничката мрежа и донесе заслужено водство на Лацио од 1-0, додека пет минути подоцна Сандро несреќно си постигна автогол, за комотни 2-0 на домаќините. 

Само што започна вториот дел, „црно-белите“ ја испуштија најголемата шанса за намалување на негативата, откако Де Пол не реализира удар од 11 метри. 

Во следното коло ко на програмата е овој викенд, Лацио пак игра дома, овој пат со Киево, додека Удинезе ќе го пречека Сасуоло.