• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Лацио се пласираа во четвртфиналето од Купот на Италија, откако вечерва на „Олимпико“ го совладаа Милан со минимални 1-0 во осминафиналната фаза, обезбедувајќи дуел со Болоња во следниот круг.
Средбата во Рим не понуди особено атрактивен фудбал, бидејќи двете екипи пред сè беа насочени кон тоа да не примат гол, а долго време изгледаше дека победникот ќе биде решен преку пенали.
- Лацио - Милан 1-0:
Сепак, десет минути пред крајот на мечот, по корнер за Лацио, одбраната на Милан ја загуби концентрацијата и целосно го остави непокриен Матија Закањи. Десетката на римскиот клуб со прецизен удар со глава го постигна единствениот гол, доволно за тимот да ја обезбеди победата и пласманот меѓу најдобрите осум во купот.
Голот на Лацио пристигна неколку минути подоцна по едно промашување на Рафаел Леао.
- Болоња - Парма 2-1:
Четвртфинале на Купот на Италија обезбеди и Болоња, која со превсрт ја совлада Парма со 2-1. Одлучи голот за победа на Сантијаго Кастро во 89. минута.











