• Мартин Танасковски
Екипата на Лацио изгледа непрепознатливо оваа сезона. Остана без моторот во тимот, тоа се одрази на резултатите, а доказ е последниот натпревар против Монца кој заврши без победник (1-1) на „Олимпико“.
Клубот го продаде најдобриот играч Сергеј Милинковиќ-Савиќ и не донесе соодветна замена. Неговата креација во играта и тоа како недостасува, евидентно е дека Лацио по пет кола има само една победа, во дербито со Наполи, а оние „малите“ мечеви - не ги доби.
Домашната публика ја израдува Чиро Имобиле кој во 12. минута реализира од пенал, а гостинот Монца до бод дојде во 36. минута кога Гаљардини реализира за 1-1.
- Извештај од натпреварот:
Во следната рунда Лацио е домаќин на Торино, додека Монца игра со Болоња.