ВИДЕО: Лацијалите го навредуваа Михајловиќ, полицијата едвај спречи инцидент!

За малку не дојде до инцидент пред финалето од Купот на Италија меѓу Лацио и Аталанта, поради вербален дуел на навивачите на „небесно-сините“ со актуелниот стратег на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Двете страни немаат добри односи, па лацијалите решија да го навредуваат Србинот кој во Рим пристигна како гостин. Употребуваа секакви зборови, а тој во еден момент толку многу се изнервира, што тргна да се пресмета со нив.

  • Инцидентот пред финалето на Копа Италија:

Полицијата веднаш реагираше, па го смири Михајловиќ и спречи поголем инцидент. Купот на Италија заврши во рацете на Лацио, кој во финалето на „Олимпико“ во Рим победи со 2-0 благодарение на погодоците на Милинковиќ-Савиќ и Кореа.