Лабуништа ремизира со албански Кораб

Фудбалерите на Лабуништа ремизираа 1-1 (1-0) во интернационалниот тест натпревар со Кораб од Албанија, кој двете екипи денеска го одиграа на теренот со вештачка трева во Охрид.

Избраниците на Пепи Џигероски поведоа во текот на првото полувреме со погодокот на Пајазит Салиу од пенал. Во второто во тимот на Лабуништа изротираа сите фудбалери, а гостите намалениот интензитет го искористија да постигнат изедначувачки погодок.

За Лабуништа ова беше втор контролен натпревар и прво реми. Во воведнио, амбициозниот второлигаш ја совлада Ренова со 1-0.

Тест мечевите во Охрид продолжуваат в четврток со натпреварот помеѓу Ренова - Мачва од Србија.