„Ла Република“: Елмас е новото „злато“ на Наполи кое вреди 70 милиони

Елмас

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас е во центарот на вниманието на италијанската јавност. Неговиот погодок беше одлучувачки на дербито во кое Наполи минимално го совлада Милан на гостински терен.

>>> Елмас човек на одлука: Наполи го освои „Сан Сиро“ и се израмни со Милан (ВИДЕО)

22-годишникот според „Ла Република“ е новото „злато“ кое го поседува тимот од Неапол. Реномираниот медиум пишува дека нашиот офанзивец веќе достигнал вредност од вртоглави 70 милиони евра.

„Според последната проценка на Меѓународната фудбалска опсерваторија, пазарната вредност на Елмас осцилира околу стратосферската бројка од 70 милиони евра. Секако дека младиот талент на Наполи важи за еден од најдобрите до 23 години во најдобрите европски лиги. Интересот за него се зголеми по погодокот на „Сан Сиро“, каде беше главен протагонист на дербито. Елмас со помош на стручното водство на Лучијано Спалети конечно го покажува плодот од напорната работа во изминатите две сезони“, стои во текстот на „Ла Република“.

Пред неколку недели се пишуваше дека Елмас е посакуван дури и од Барселона и Реал Мадрид. На крајот од сезоната, ако македонскиот репрезентативец продолжи со добрите игри, Наполи ќе има тешка задача да го задржи во своите редови.

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Лучијано Спалети

    4-2-3-1