ВИДЕО: Квирквелија го згазна Спировски, имаше ли интензитет за пенал?

Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Грузија во Тбилиси во натпревар од претпоследното коло на третото издание на Лигата на нациите. На теренот во Грузија веднаш во втората минута имаше интересна ситуација, можеби и малку спорна. 

Имено, Стефан Спировски се проби по левата страна и влезе во шеснаесетникот, а Соломон Квирквелија го згазна. Иако не беше намерно и беше минимално, тоа беше доволно за играчот за врска на Македонија да ја свитка ногата и да се превиткува во болки. 

  • Судирот на Квирквелија и Спировски: 

Главниот судија Кружлиак не покажа на единаесет метри, а не се јавија ниту од ВАР собата и играта во Тбилиси продолжи. Веќе во следниот напад на Македонија имаше и игра со рака од грузиски играч во шеснаесетникот, меѓутоа немаше елементи за пенал бидејќи беше прилепена до телото. 

Состави

Вили Сањол

3-4-3

    Благоја Милевски

    4-4-2