• Горан Упале
Екипата на Фиорентина не ја искористи првата „,меч-топка“ за обезбедување на европски настапи следната сезона. Во дуелот со директниот конкурент за пласман во Конференциската лига на УЕФА, Наполи, „виолетовите“ имаа предност, но не ја сочува и пред својата публика одигра 2-2.
Сепак, момците од Фиренца сè уште се во голема предност за осмата позиција на табелата, бидејќи моментално имаат два победа повеќе од ланскиот шампион, но и еден натпревар помалку. До крајот на сезоната Наполи треба да одигра уште еден дуел, додека Фиорентина уште два.
Натпреварот на „Артемио Франки“ понуди лудо и ефикасно прво полувреме и не така атрактивно второ. На водство први се радуваа гостите од Неапол, откако Рахмани погоди по само осум минути игра, но во финишот од полувремето Бираги и Нзола погодија за пресврт и водство на Фиорентина од 2-1.
Само што започна вториот дел најдобриот играч на наполитанците, Квича Кварецкелија со голчиште од слободен удар израмни на 2-2, резултат со кој заврши натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Во финишот од натпреварот Фиорентина беше блиску до трите бода, откако Маркети досуди пенал, но по ВАР-прегледите увиде дека немаше прекршок над Белоти и ја промени одлуката.
Во следното коло Фиорентина против Каљари може да го потврди осмото место, додека Наполи сезоната ја завршува против Лече.