Кварезма го напушти Бешикташ, но ќе остане во Турција

Сопственикот на Бешикташ инсистираше Рикардо Кварезма да си замине ова лето.

Се чини дека Португалецот и клубот не ја завршија соработката на пријателски начин. Тоа го натера офанзивецот да бара нов клуб, иако имаше уште една година од договорот со тимот од Истанбул.

Неговиот агент експресно му обезбеди нов договор кој ќе го остави во турската Супер Лига. 

Ако им се верува на шпекулациите, поранешната ѕвезда на Порто ќе ја продолжи кариерата во редовите на Кашимпаша.

35-годишникот во својата кариера има играно уште за Спортинг, Барселона, Интер, Челзи и Ал-Ахли.