Кварацкелија: Не дојдовме како туристи, Грузија има голем квалитет

Репрезентацијата на Грузија се подготвува за првиот историски настап на Европските првенства. Селекцијата која беше запрена од Македонија во 2020 година, конечно успеа да се најде на големата сцена и ќе се обиде да остави позитивен впечаток. 

Првата ѕвезда на тимот, Квича Кварацкелија, изјави дека конечно се остварил сонот на многу генерации, но предупредува дека конкуренцијата во групата е жестока и ќе мора сите да бидат максимално сконцентрирани во секој момент, особено на првиот меч против Турција

„За ова мечтаевме многу години, па дури и децении. Отсекогаш имавме квалитетни играчи, но оваа генерација го исполни сонот. Можеби дојдовме преку Лигата на нации, но тоа не значи дека сме послаби во однос на ривалите. Ние не сме туристи, туку имаме сериозни планови и сакаме да освоиме бодови во оваа група. 

Мечот со Турција за нас ќе биде најважен во групната фаза. Сакаме да оставиме убав впечаток и да ги израдуваме нашите фанови кои допатуваа во Германија. Јас сум оптимист и верувам во успех. Турција има мали проблеми во дефанзивата, па се надевам дека ќе ги искористиме нивните слабости“, рече ѕвездата на Наполи

Грузија и Турција се среќаваат на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Натпреварот е закажан за 18 јуни во 18:00 часот, а Турците ќе имаат огромна поддршка од околу 40.000 навивачи.