„Кварацкелија е меѓу најдобрите светски фудбалери, трансферот е полн погодок за ПСЖ“

Претседателот на францускиот ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, изрази големо задоволство од трансферот на Квича Кварацкелија и рече дека грузиската ѕвезда може да донесе многу позитивни работи во тимот. 

Кварацкелија пред само неколку дена пристигна во Париз од редовите на Наполи, а првиот човек на „светците“ не штедеше пофални зборови за новата аквизиција. 

„Кварацкелија е еден од најдобрите светски фудбалери на неговата позиција. Овој трансфер е полн погодок за нас, мислам дека Квича може да донесе многу позитивни нешта во нашиот тим.

Имаме добар ростер, а со него мислам дека ќе бидеме уште посилни. Долго се трудевме да го реализираме трансферот, задоволство е големо кај сите“, рече Ал-Келаифи. 

ПСЖ му исплати на Наполи 70 милиони евра за трансферот на Кварацкелија, кој пристигна во Италија пред три години и беше еден од главните играчи во походот кон титулата во Серија А.