ВИДЕО: Кварацхелија го спаси ПСЖ од нов кикс, Монако прокоцка два гола предност!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа до третата победа сезонава во француската Лига 1, откако на „Паркот на принцовите“ го совладаа Ле Ман со 3-1. Сепак, актуелниот шампион повторно не блескаше, па мораше да се помачи за да ги освои трите бода.

ПСЖ поведе во 19. минута, кога Лукас Бералдо беше сигурен од белата точка. Домаќините ја задржаа минималната предност до паузата, но во 54. минута Луис Мафута го изненади фаворитот и израмни на 1-1.

Кога се закануваше ново разочарување, на сцена стапи Квича Кварацхелија. Грузискиот ас во 61. минута со мајсторски потег повторно му донесе предност на ПСЖ, а само седум минути подоцна Аклиуш ја потврди победата за конечни 3-1.

За разлика од ПСЖ, лидерот во шампионатот Монако не успеа да ги освои трите бода, откако одигра 2-2 против Тулуз на домашен терен. Домаќините имаа одличен почеток и со головите на Диоп во 29. и Аблин во 38. минута стекнаа предност од 2-0. Сепак, Тулуз не се предаде, па Тенгштет од пенал во 50. минута ја намали негативата, а Опонг девет минути подоцна ги постави конечните 2-2.

Така, Монако испушти голема шанса за нов триумф, но и покрај ремито ја задржа лидерската позиција во француската елита, додека ПСЖ со победата продолжи да ја брка врвната позиција.