ВИДЕО: Кутињо со гол за најавните шпици го дигна „Камп Ноу“ на нозе!

Барселона веќе е во полуфиналето на Лигата на шампионите, но голот на вечерта на „Камп Ноу“ го постигна Филипе Кутињо, во вториот дел од натпреварот во Шпанија.

Офанзивецот на Барселона доби доверба од Ернесто Валверде пред Осман Дембеле и фантастично се запиша во листата на стрелците. Бразилецот даде гол за најавните шпици во 61. минута со ефектен шут од далечина.

  • Погодокот на Кутињо против Манчестер Јунајтед:

По голот на Кутињо, целиот „Камп Ноу“ стана на нозе, за да ја поздрави мајсторијата. Во мрежата на „ѓаволите“ претходно двапати погоди и Лионел Меси, кој игра блескава партија и е играч на натпреварот.