Кутињо сака во Премиер лигата, пет клуба застанаа во ред

Кутињо

Филипе Кутињо нема да добие шанса да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Неговата форма не беше доволно убедлива за раководството на тимот да му даде долгорочна соработка и да го откупи од Барселона.

Планот на Каталонците е да се ослободат од офанзивецот, кој повторно би сакал да се врати и да заигра во Премиер лигата. Откако се рашири оваа шпекулација, дури пет англиски клуба покажаа интерес за неговите услуги.

Челзи, Њукасл Јунајтед, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Лестер Сити се клубовите кои ова лето ќе се борат за потписот на бразилскиот ас. Меѓутоа, сумата за фудбалерот не е така ниска и изнесува околу 90 милиони евра.

Кутињо се пресели во Шпанија пред две години, но не успеа да се наметне покрај Меси и Суарез. Една сезона подоцна замина во Минхен и одигра солидно во периодот на докажување. Сепак, тоа не беше доволно за да остане на „Алијанц Арена“ подолг период.

На 22 бундеслигашки натпревари, Бразилецот постигна осум гола и подели шест асистенции.