Кутињо и Ракитиќ ќе го менуваат Погба во Манчестер Јунајтед

Кутињо Ракитич

Францускиот интернационалец Пол Погба јавно изрази желба да си замине од Манчестер Јунајтед.

Тоа веднаш предизвика бројни шпекулации во англиските медиуми кои веќе ја пронајдоа замената за 26-годишниот играч за врска. Тоа е дуото на Барселона, Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо, кои се на излезни врати од „Камп Ноу“.

Хрватот не е во плановите на Ернесто Валверде поради слабата форма која што ја покажа во изминатата сезона. Бразилскиот ас, пак, би требало да се раздели со Каталонците по само една година поради лошата адаптација во играта покрај Лионел Меси и Луис Суарез.

Двајцата фудбалери би биле одлични засилувања за „црвените ѓаволи“ кои ова лето останаа и без Шпанецот Андер Херера.

Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на Погба, но за тоа ќе мора да плати сума од над 100 милиони евра.