ВИДЕО: Курзава го одведе ПСЖ на врвот, непредвиден домашен пораз за Марсеј

Првакот на Франција, ПСЖ изби на водечката позиција со победата на гостувањето кај Анжер со 0-1 (0-0) во рамките од 20. коло на Лига 1. Тимот од Париз, вечерва без ковид-позитивниот Почетино на клупата, сега има два бода повеќе од Лион, кој утревечер на домашен терен го пречекува Мец

„Светците“ долго време се мачеа на теренот на Анжер, но во 70. минута со прекрасниот гол на бекот Курзава стигнаа до три бода. Кин, Нејмар, Мбапе и Ди Марија, кои почнаа заедно од првата минута, имаа серија на шанси, но потребен беше погодок на еден дефанзивец за бодовите да пристигнат во главниот град,

  • Анжер - ПСЖ 0-1: 

По поразот во Суперкупот во средата, Олимпик Марсеј на домашен терен загуби од Ним со 1-2 и влезе во резултатска криза. Елиасон ги постигна двата гола за гостите, а Бенедето беше автор на единствениот гол за тимот на Андре Виљаш Боаш. При 0-0, Тован не реализира пенал за тимот од „Велодром“.

  • Олимпик Марсеј - Ним 1-2:

Синоќа, Монако на Нико Ковач славеше на теренот на Монпелје со 2-3. Два гола постигна Бен Једер, а еднаш погоди Воланд за гостите, а Вал и Делорт го ублажија поразот со голови за домаќините. 

  • Монпелје - Монако 2-3: 

Останатите седум натпревари од 20. коло се играат во текот на утрешниот ден.