Куртоа знае каде ќе биде следната сезона - на истата адреса

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа, изјави дека неговата одлука околу тоа каде ќе ја прдолжи својата кариера ќе ја донесе пред почетокот на Мундијалот во Русија. Во последно време 25-годишниот чувар на мрежата се споменува дека ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

„Најважно е со мирна глава да заминам на Мундијалот во Русија, И понатаму сум горд што го носам дресот на Челзи и сакам со тимот да постигнувам нови успеси. Имам уште една година од договорот и се чувствувам добро. На крајот од сезоната ќе разговараме за продолжување на соработката, но сигурен сум дека и наредната сезона ќе бидам на „Стемфорд Бриџ“, изјави Белгиецот.

Тибо Куртоа во Челзи пристигна во 2011 година од Генк, но веднаш беше испратен во Атлетико Мадрид, каде како позајмен настапуваше до 2014 година, пред повторно да се врати на „Стемфорд Бриџ“. За Челзи запиша 120 настапи.