ВИДЕО: Куртоа не лаже - Реал Мадрид навистина бил негов детски сон!

Белгиецот Тибо Куртоа во текот официјална промоција на „Сантијаго Бернабеу“, изјави дека со потпишувањето за Реал Мадрид, го остварил својот детски сон, а потоа го бакна и грбот на клубот, по што потврди дека тоа се случува првпат во неговата кариера.

Веднаш започнаа и дебати дека во минатото, додека беше дел од Атлетико Мадрид и немал толку големи симпатии кон „кралскиот клуб“, но последното видео, кое експресно се прошири на социјалните мрежи го докажува спротивното - Куртоа од рана возраст бил фан на Реал Мадрид и во својата детска соба имал знаме од Реал Мадрид.

26-годишниот белгиски голман со тимот на Реал Мадрид потпиша шестгодишен договор, а Челзи како обешететување доби 35 милиони евра.