Куртоа: Навивачите на Челзи ме мразат без да ја знааат целата вистина за трансферот

Тибо Куртоа по преминот во Реал Мадрид стана еден од најомразените ликови на „Стемфорд Бриџ“, а според Белгиецот тоа е така бидејќи навивачите на „сините“ не ја знаат целата вистина за неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Навивачите ме мразат, а не ја знаат целата вистина. Во март решив да заминам, а клубот ја прифати мојата одлука. Кога доаѓав во Реал реков дека тоа преминувам во повисоко ниво, но не сакав да „газам“ по поранешниот клуб. Луѓето тврдеа дека сум кажал дека во Челзи нема квалитет, но тоа не е вистина. Никогаш такво нешто не сум помислил. Едноставно поинаку е на тренинзите, во Реал тоа оди некако побрзо и поквалитетно, но тоа не значи дека во Челзи не постои квалитет“, изјави Куртоа.

26-годишниот Куртоа веќе го имаше своето деби за „кралскиот клуб“ на натпреварот против Леганес, кој Реал Мадрид го доби со 4-1.