Куртоа: Натпреварот можеше да има и поинаков исход, но Италија заслужи победа!

Селекцијата на Белгија беше елиминирана во четвртфиналето на Европското првенство од Италија, откако загуби во Минхен со 2-1. Голманот на Белгија, Тибо Куртоа го изнесе своето мислење за поразот.

„Ова сериозно нè погоди... Сепак, знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Имавме две големи шанси, но Донарума одбрани и сметам дека лесно го дадовме првиот гол. Натпреварот навистина можеше да замине и во друга насока. Искрено, Италија заслужи да победи вечерва“, призна Куртоа. 

Иако „ѓаволите“ важеа за еден од главните фаворити за тронот, налетаа на расположените „аѕури“ кои се хит на овој континентален турнир. Италија во полуфиналето ќе се пресмета со Шпанија.