Куртоа: Нашата група е потценета, не мислевме дека Канада има сили да ни се закани

Белгија ја совлада Канада со 1-0 во првиот осминафинален натпревар од групата Ф на Светското првенство во Катар. Стрелец на единствениот гол беше Батчуаји во 44. минута. 

Стрелецот доби предност пред Ориги и потврди дека може да биде добра алтернатива за повредениот Лукаку.

„Не беше ова најдобрата Белгија. Не е нашето најдобро во моментов. Разбирам зошто медиумите критикуваат. Но, има и позитиви, почнувајќи од резултатот, иако можевме да постигнеме повеќе голови. Среќен сум што постигнав гол, а тоа беше навистина добра топка на Тоби Алдервеирелд“, изјави стрелецот Батчуаји.

Големи заслуги за победата има Тибо Куртоа, кој имаше серија на одбрани, меѓу нив ии еден пенал.

„Првите натпревари на Светското првенство се секогаш тешки и стресни. Ги видовме поразите на Германија и Аргентина. Немавме лесни први натпревари во првенството во 2014 година против Алжир и во 2018 година против Панама... Нашата група е потценета. Имаме четири добри тимови. Бевме изненадени од притисокот од Канада, не мислевме дека ќе биде толку незгодно. Беа брзи и силни и имаа техника да ни се заканат“, изјави голманот Куртоа.

Голманот на Реал Мадрид во 10. минута му одбрани пенал на Алфонс Дејвис.

„Знаев дека Дејвис секогаш шутира на десната страна на голманот и врз основа на тоа ја донесов својата одлука. Првпат одбранив пенал додека настапувам за репрезентацијата“, изјави Куртоа.

Белгија го запоседна врвот по оваа победа, бидејќи Хрватска и Мароко играа без голови (0-0).

Состави

Domenico Tedesco

3-4-3

    Џон Хердман

    3-4-3