ВИДЕО: Куртоа има „Ахилова пета“ - Шоне го преслика голот на Меси пред седум години!

Нема ниту еден фудбалер на Реал Мадрид кој може да избегне критики за срамниот пораз од Ајакс со 1-4. Голманот Тибо Куртоа е обвинет за несигурност, непостојаност, а чашата ја прели примениот гол од Шоне од слободен удар.

Дека ваквите голови се „Ахилова пета“ на Белгиецот потсетува натпреварот Атлетико Мадрид - Барселона во сезоната 2011/12 во Примера. Тогаш Аргентинецот од неветојатно тежок агол го совлада младиот Куртоа. Вечерва Данецот скоро да го копираше голот на капитенот на Барса.

Споредете ги двата примени гола на Тибо Куртоа: 

Кога ќе се спореди учинокот на Кејлор Навас на голот на „кралевите“, Куртоа и натаму е далеку од тоа што од него се очекува.