ВИДЕО: Куртоа фати пенал, Белгија отвори со тежок триумф над Канада

Фудбалската репрезентација на Белгија ја победи Канада (1-0) на стартот на Светското првенство (СП) во Катар, иако не доминираше како што од неа се очекуваше, со епитетот фаоврит на хартија.

  • Извештај од натпреварот: 

„Ѓаволите“ среќно победија на овој натпревар, затоа што во текот на целите 90 минути Канаѓаните имаа тројно повеќе шутеви кон голот на Тибо Куртоа, ама ниту еднаш не успеаја да го најдат патот до мрежата. Мечот можеше да има поианков тек, да не беше судискиот гаф во средината на првото полувреме, кога Азар му подаде на Канаѓанец кој потоа беше фаулиран за пенал, ама линскиот судија покажа офсајд.

Канада исто така имаше и пенал кој не го реализира. Во 11. минута најдобриот играч Дејвис доби шанса да шутира од белата точка, ама Куртоа му го прочита шутот. Во следните пет минути тимот доби уште две можности, Давид и Холиет не успеаја, а исто така и во 40. минута не се доби пенал, втор на мечот за Канада, иако се прегледуваше ВАР.

Белгија ги казни сите пропуштени можности на противникот во 44. минута кога Митчу Батчуаији погоди во десната страна од голот на Милан Борјан. Во второто полувреме имаше доста шанси и на двете страни, ама голманите блескаа и не дозволија да се тресат мрежите.

Избраниците на Мартинез со овој триумф избија на првото место и се единствени со три бода затоа што Мароко и Хрватска го поделија пленот и одиграа без голови на првиот натпревар.

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Џон Хердман

    3-4-3