• Саше Љолес
И покрај поразот од Барселона, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, беше задоволен од настапот на неговиот тим и рече дека „кралевите“ почнуваат нова ера која очекува да биде повеќе од успешна и во блиска иднина.
Воедно, се осврна и на настапот на новата бразилска ѕвезда, Ендрик, за кого рече дека има неверојатен талент, но мора малку да се смири и да биде поумешен на теренот.
„Ваквите пријателски мечеви се мерило за моменталната форма. Мислам дека одигравме сосема коректно, без разлика што загубивме. Ова беше убав тест за нашите можности, а публиката имаше прилика да го проследи и настапот на Ендрик.
Мислам дека во него добивме огромно засилување, веднаш покажа дека се работи за раскошен талент, но мора малку да биде посмирен на теренот и да не избрзува во одредени моменти.
Го разбирам, овој дрес носи со себе одреден притисок и тој е многу млад, но мислам дека неговото вистинско лице ќе биде застрашувачко за ривалите“, рече Куртоа.
„Кралевите“ загубија од вечниот ривал со конечни 2-1, а следен предизвик за нив ќе биде пријателскиот натпревар против Челзи, кој ќе се одигра на седми август.