ВИДЕО: Куртоа е далеку од врвна форма – со почетничка грешка им подари гол на Русите!

Селекцијата на Белгија пред својата публика против Русија го одигра првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. 

„Црвените ѓаволи“ одлично отворија и со голот на Тилеман поведоа со 1-0, но новото засилување на Реал Мадрид, Тибо Куртоа уште еднаш потврди дека не брани во врвна форма и со почетничка грешка во 16. минута му подари погодок на Черишев за 1-1.

  • Погледнете ја големата грешка на Тибо Куртоа: 

Сепак, избраниците на Мартинез брзо го вратија водството на своја страна и преку Азар од пенал поведоа со 2-1, на полувреме. Ѕвездата на Челзи во 88. минута даде и втор гол на мечот, што воедно беше и конечниот резултат.

Европско првенство, Квалификации, Група I
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БелгијаБелгија 10 10 0 0 40:3 37 30
2 РусијаРусија 10 8 0 2 33:8 25 24
3 ШкотскаШкотска 10 5 0 5 16:19 -3 15
4 КипарКипар 10 3 1 6 15:20 -5 10
5 КазахстанКазахстан 10 3 1 6 13:17 -4 10
6 Сан МариноСан Марино 10 0 0 10 1:51 -50 0