Куртоа: Буфон е посебен, напаѓачите се плашат од него!

Веќе подолг период Џиџи Буфон суверено го чува голот на Јувентус, а во својата богата кариера му недостига само уште еден трофеј, оној од Лигата на шампионите. Легендарниот италијански голман на 3 јуни ќе има шанса да го освои најпрестижнот клупски фудбалски трофеј, а Тибо Куртоа, голманот на Челзи, смета дека во тоа финале Буфон ќе излезе победник во дуелите со напаѓачите на Реал Мадрид. 

„Неверојатен е достигнување на тие години да браниш на така високо ниво. Сепак, кога сте голем голман, секогаш поседувате квалитет, Меѓутоа, Буфон е нешто посебно, тој е сосема друг тип на голман. Тој е вистински водич на тимот и противничките напаѓачи не плашат од него“, вели белгискиот голман. 

Големото финале на Лигата на шампионите ќе се одигра на „Милениум“ стадионот во Кардиф на 3 јуни со почеток од 20.45 часот.