Куртоа: Бразилците мислеа дека веќе се шампиони, но ги победивме!

Селекцијата на Белгија во вистински момент го одигра најдобриот натпревар на Светското првенство во Русија и заслужено се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации на светот. 

Синоќа, Белгијците го надиграа петкратниот светски шампион Бразил и славеа со 2-1, а Тибо Куртоа по мечот испрати критика до бразилските ѕвезди, велејќи дека тие мислеле дека веќе се шампиони, но беа поразени. 

„Бразилците мислеа дека веќе се шампиони, но ги победивме. Нашата тактична замисла се движеше по вистинскиот пат, одигравме тактички перфектно и кога ќе се спои со цврстата одбрана и расположениот напад, тогаш победата е неизбежна. Вечерва имавме јасни идеи и среќни сме што ќе играме едно полуфинале на Светско првенство“, вели голманот на Челзи

Куртоа, на еден начин е и херој на Белгијците, бидејќи во 93. минута со вонсериска одбрана го сопре ударот на Нејмар, кој ќе значеше израмнување и продолженија.