Куртоа бил заменет на полувреме во ЛШ затоа што имал напади?

Белгискиот голман Тибо Куртоа беше заменет на полувремето од натпреварот меѓу Реал Мадрид и Клуб Бриж (2-2), а шпанските медиуми ја открија причината за тоа.

Зидан го повлече Белгиецот и ги изненади сите, а многумина шпекулираа дека се работи за незадоволство од изданието на мечот против аутсајдерот во Лигата на шампионите. Но, ситуацијата е сосема поинаква...

Шпански „Диарио“ пишува дека Куртоа на овој натпревар имал проблем со панични напади. Тој веќе почнал со терапија, а наводно нема да биде на располагање и за натпреварот против Гранада кој се игра во Примера.

Од Реал Мадрид категорично ја демантираа веста, велат дека Куртоа имал недостаток на електролити и чувствувал голем замор, но медиумот остана на својот став.

Тибо Куртоа во првото полувреме против белгиски Бриж делуваше доста несигурно и двапати ја вадеше топката од својата мрежа.