• Мартин Танасковски

Екипата на КуПС дојде до предност во дуелот со Вардар (0-1) пред крајот на првото полувреме во Скопје во рамки на дуелот во квалификациите за Лигата на шампионите.
Се чекаше екстра-времето, а тогаш финскиот првак дојде до гол. По еден корнер, во шеснаесетникот најдобро се снајде стоперот Брахима Махаса кој успеа да го совлада Давор Талески.
Двата тима заминаа на паузата, а Вардар ќе се обиде да се врати во игра во вториот дел.

