Купот на Русија има нов победник: Зенит со леснотија ја совлада ЦСКА Москва и стигна до својот трет трофеј (ВИДЕО)

Во финалето на фудбалскиот Куп на Русија, кој се играше на „Казан арената“, екипата на Зенит убедливо славеше против ЦСКА со 1-4 (1-1) и дојде до третиот трофеј во ова натпреварување.

Во убав натпревар, со многу голови и шанси, на крај екипата на Зенит успеа да слави, а победата ја најави Хулк во 34. минута, со гол од пенал. 

Меѓутоа, московската екипа возврати по само две минути со голот на Арон Самуел и се врати во игра. По десет минути игра во вториот дел, Кокорин одново донесе предност за екипата на Вилаш Боаш, а победата до крајот ја потврдија Хулк со вториот гол од пенал и Јусупов во 70. минута.