Купот на Конфедерации е историја: ФИФА дава „зелено светло“ за ново натпреварување

ФИФА

Утре во Мајами, ФИФА ќе го изгласа новиот формат на натпреварување кое треба да го замени досегашниот Куп на Конфедерации.

Светското клупско првенство ќе биде укинато, а новиот турнир се очекува да започне во 2021 година. Форматот ќе брои осум европски, шест екипи од Јужна Америка, по три од Северна и Централна Америка, Азија и Африка, а еден претставник ќе има Океанија.

Натпреварувањето ќе биде закажано на секои четири години и ќе дебитира на 17 јуни 2021 година и ќе трае до 4 јули.

Ќе има осум групи по три учесници, а победниците на сите нив ќе играат во четвртфиналето. Учесниците ќе бидат одредени според нивните коефициенти, а се претпоставува дека победниците на континентите сигурно ќе имаат учество.

Се шпекулира дека зад целиот проект стои таен инвеститор од Азија, што ФИФА го демантираше, откривајќи дека нема да има „трета страна“ во распределбата на приходите од натпреварите.