• Зоран Мишевски
Африканскиот Куп на нации најави големи промени, Турнирот во 2025 година ќе се одржи во Мароко и по подолго време наместо во зима, ќе се игра во лето.
Африканската фудбалска конфедерација се согласила Мароко да биде домаќин на следниот африкански Куп и предложени датуми на турнирот да бидат од 20 јули до 16 или 17 август 2025 година.
Африканскиот Куп на нации годинава се одржа во Брегот на Слоновата Коска на шест стадиони во Абиџан, Буаке, Корхого, Сан Педро, Јамусукро, на турнирот со 24 репрезентации.
Шампион на турнирот стана земјата домаќин на Брегот на Слонова Коска, откако во финалето со 2-1 ја совлада репрезентацијата на Нигерија.