Купот ќе добие нов освојувач: Лацио по пенали ја исфрли Болоња (ВИДЕО)

Лацио е последниот патник во полуфиналето од Купот на Италија, откако во четвртфиналето како гостин ја елиминира Болоња по подобро изведување пенали. По деведесет минути игра резултатот беше 1-1, а во пенал серијата римјаните славеа со 4-1.

Домаќините беа поконкретни во првиот дел, а голманот Иван Проведел со неколку интервенции го одржа Лацио во игра, сепак капитулираше во 30. минута. По корнерот на Никола Моро, Сантијаго Кастро се снајде најдобро и со глава погоди за 1-0. Тренерот Маурицио Сари реагираше со замени, а потегот се покажа како полн погодок. Во 48.минута Адам Марушиќ одлично проигра кон десната страна, следуваше асистенција за Тијани Нослин, кој израмни на 1-1.

До крајот немаше промени, па патникот во полуфиналето беше решен преку пенал рулетот, во кој Лацио беше далеку посигурен и го реши во четири серии без промашување.

  • Извештај од натпреварот:

Во борбата за финале ги чека двомеч против Аталанта, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Интер и Комо.