Куп осминафинале: Супер-дерби меѓу Вардар и Шкендија, Работнички патува за Битола

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одржа ждрепката преку која се добија осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија.

Најмасовното клупско натпреварување има уште шеснаесет тима во игра за трофејот, па се извлекоа паровите во втората рунда.

Уште во оваа фаза ќе гледаме супер-дерби, затоа што Шкендија ќе се сретне со големиот ривал Вардар. Бранителот Академија Пандев, кој беше слободен во првото коло, ќе се соочи со Осогово, додека вториот финалист, Македонија ЃП, кој исто така немаше обврски во 1/16-финалната фаза ќе игра со Брегалница.

Осминафинале:
Пелистер – Работнички
Академија Пандев – Осогово
Брегалница – Македонија ЃП
Тиквеш – Ренова
Лабуништа – Охрид
Борец – Струга Трим Љум
Вардар - Шкендија
Шкупи - Силекс

Во оваа фаза од натпреварувањето, се играат два натпревари. Во случај на неодлучен резултат по вториот натпревар веднаш се изведуваат пенали за да се добие победник од дуелот.

Првите натпревари се закажани на 25 септември, додека реваншите ќе се играат на 30 октомври.