Куп-натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија одложен по вторпат

Куп-напреварот меѓу Кожуф Гевгелија и Шкендија кој треба да се игра во рамки на 1/16-финалето во најмасовното македонско клупско натпреварување вторпат е одложен и доби нов термин.

Двата тима требаа да се судрат в среда, но од Шкендија побарале дуелот вторпат да биде одложен. Ако минатиот пат причина беше настапот во Европа, овој пат, тетовчани наведоа дека имаат неколку репрезентативци кои се важен дел од тимот.

Новиот термин на мечот меѓу Кожуф и Шкендија е 12 септември.