Шкендија ќе игра со Кит Го, Вардар против Македонија ЃП во осминафиналето од Купот

Денес се одржа осминафиналната ждрепка за Купот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Скоро сите фаворити поминаа лесно, бранителот на титулата Шкендија ќе игра против Кит Го, а скопското дерби е закажано помеѓу Вардар и Македонија ЃП.

  • Тиквеш - Работнички
  • Вардар - Македонија Ѓорче Петров
  • Пелистер - Беласица
  • Гостивар - Победа
  • Брегалница - Академија Пандев
  • Скопје - Силекс
  • Шкендија - Кит Го
  • Кораби - слободен

Првите натпревари ќе се одиграат наредната недела (19 септември), а реваншите се закажани три недели подоцна.