Куп на Македонија: Вардар налета на Беса, Брера ќе гостува во Гевгелија

Денес во „Куќата на фудбалот“ се одржа ждрепката за првото коло од Купот на Македонија. Во оваа фаза нема ниту еден прволигашки дуел, но има неколку интересни парови.

Вардар и Брегалница ќе гостуваат кај второлигашите Беса и Новаци, Тетекс е ривалот на Работнички, а Брера ќе гостува во Гевгелија.

Куп на Македонија
Прво коло:  

Јанг Тим - Победа
Новаци - Брегалница
Башкими1947 - Скопје
Арсими - Тиквеш
Кожуф - Брера
Карбинци - Воска Спорт
Охрид - Детонит Плачковица
Беласица - Гостивар
Коњаре - Шкупи
Беса 1976 - Вардар
Тетекс - Работнички
Влазерими - Пелистер

Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струига Трим Љум, Шкендија и Силекс имаат директно место во осминафиналето.

Во оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а ако натпреварот заврши без победник во регуларниот тек, следат казнени удари.