• Мартин Танасковски
Купот на Македонија ги дава последните три патници во осминафиналето. Дуелите кои беа одложени од претходниот термин ќе се играат во Гостивар, Струмица и Скопје.
Второлигашот Башкими од Куманово поради казна од ФФМ на неутрален терен ќе се соочи со прволигашот Воска Спорт. Второлигашкиот дуел во оваа фаза го играат Беласица и Македонија ЃП кои одат на мегдан на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Гостивар ќе ја пречека Победа на стадионот во Маџари во Скопје и важи за огромен фаворит за пласман во следната фаза.
Најголемото изненадување во осминафиналето е Шкендија од Арачиново, која како третолигаш обезбеди место меѓу 16-те најдобри. Од Втората лига, во осминафиналната фаза се Арсими, Брегалница и Детонит, додека сите прволигаши освен Работнички си ја завршија задачата – тоа се Пелистер, Вардар, Шкупи, Брера, Шкендија, Беса, Силекс и Струга ТЉ.
Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Тиквеш, ќе започне директно од осминафиналето.