Куп на Македонија: Пелистер пак тргнува од Струмица, Гостивар е ривалот на Шкендија

Денес во просториите на ФФМ беа извлечени паровите од првото коло на Купот на Македонија. Во овој филтер ќе се игра само еден натпревар, а титулата од минатата сезона ја брани Пелистер. Прволигашите и најдобрите екипи од претходната сезона во ВМФЛ се во улога на носители и натпреварите ќе ги играат во гости.

Куп на Македонија (1. коло)

Локомотива – Вардар
ССК Нова – Академија Пандев
Борец – Влазерими
Кожув – Новаци
Вардар Неготино – Еуромилк
Беласица - Пелистер
Плачковица – Победа
Осогово – Брегалница Штип
Могила Би-милк – Силекс
Струга Трим Љум – Македонија ЃП
Охрид – Скопје Лихнидос
Зајази – Шкупи
Гостивар – Шкендија
Тетекс – Турново
Тиквеш - Ренова
слободен: Работнички 

Натпреварите од првото коло ќе се одиграат на 16 август, а финалето е предвидено за 9 мај 2018 година.