• Мартин Танасковски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја изврши ждрепката за полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија кој продолжува оваа пролет.
Ждрепката посака бранителот на титулата да ја добие најтешката задача. Македонија ЃП ќе гостува кај Шкендија во првата полуфинална средба. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Струга и Силекс.
Куп на Македонија
Полуфинале:
Струга Трим Љум - Силекс
Шкендија - Македонија ЃП
Од сите екипи, само Струга Трим Љум е без Куп-титула. Лидерот во ПМФЛ ќе брка прво одличје и воедно прв трофеј во историјата откако се пласира во елитниот ранг на македонскиот фудбал. Силекс зад своето име има три трофеја во Купот (1994, 1997, 2021), Македонија ЃП освои две титули (2006, 2022), слично е и со Шкендија (2016, 2018).
Натпреварите од полуфиналето на Купот на Македонија се предвидени за следниот месец, а финалето е во третата недела од мај. Во полуфиналето се игра еден натпревар, дуелите се закажани на петти април.