Куп на Кралот: Дербито е во Мадрид, баскиските клубови се избегнаа

Шпанската фудбалска асоцијација ги извлече двојките за полуфиналните дуели од Купот на Кралот. Четири екипи ќе се борат за вториот најважен трофеј, а меѓу нив е и Мајорка, која на хартија делува како аутсајдер во оваа конкуренција. 

Поранешниот тим на нашиот Александар Трајковски во полуфиналето ќе се соочи со незгодниот Реал Сосидад, додека дерби-пресметката ќе биде помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао

Шпанските медиуми најголеми шанси им даваат на „јорганџиите“ на Диего Симеоне, но Купот е непредвидливо натпреварување и тука секогаш се можни големи изненадувања. Минатогодишен освојувач на овој трофеј е екипата на Реал Мадрид, но „кралевите“ испаднаа во осминафиналето, каде беа елиминирани од најлутиот градски ривал.